Cem Genco
02 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
ХАТАЈ
Турската хуманитарна организација за човекови права и слободи (ИХХ) доставува 300.000 леба во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Селим Тосун одговорен за односи со медиумите на хуманитарна организација, за Агенција Анадолија (АА) изјави дека продолжуваат со напорите за помош во Сирија.
Наведувајќи дека работат на задоволување на најосновните потреби на семејствата кои живеат во камповите, Тосун рече дека лебот што се произведува во пекарите основани во Турција и Сирија, секојдневно се доставува до семејствата кои живеат во камповите и други населени места во регионот.

Истакнувајќи дека лебот се подготвува според вкусот на луѓето од регионот, Тосун нагласи: „Лебот се произведува 6 дена во неделата во нашите пекари. 300.000 парчиња леб кој се произведува дневно се дистрибуира во регионите како што се Идлиб, Африн, Азез, Баб, Џарабулус, Тел Абјад и Ресулајн. Ќе продолжиме да произведуваме леб и во нашите пекари основани во Рејханли, Килис и во Сирија за да ги задоволиме потребите од леб на цивилите во Сирија.“