Ömer Olcay
14 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Во турскиот град Анкара, со цел промоција на анкарската мачка и поттикнување на приврзаноста кон животните, организиран е 3. Меѓународен фестивал на убавина на мачки, јавува Anadolu Agency (AA).
На натпреварувањето учествуваа околу 200 мачки.
Познати светски експерти ги бираа најубавите мачки кои сопствениците гордо ги покажуваа.
Престижното жири ги оценуваше мачките врз основа на расата, видот и бојата.
Победата ја однесе анкарската мачка Памук, на сопственичката Рукије Согут, а потоа следуваше британската кратковлакнеста мачка Паскал, на сопственичката Фадиме Ајдин. На трето место е Херкул, од расата „Maine coon“.
Најубавите мачки се наградени со залихи на храна, а сопствениците со патувања.
Градоначалникот на Анкара, Мустафа Туна, изјави дека домашните миленичиња по одредено време стануваат дел од семејството, и се потсети на тешките мигови по смртта на мачката што ја имал.
Градоначалникот, пак, на анкарската општина Пурсаклар каде што се одржа Фестивалот, Селџук Четин, истакна дека анкарската мачка има посебна културолошка вредност за градот, и дека Фестивалот е организиран со цел претставување на овој вид мачки во светот.