Amina Zorniç
04 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
МАГАДАН (АА) - Фоторепортерот на Anadolu Agency (AA) направи несекојдневни фотографии од есента што се отсликува во езерото Џек Лондон, во руската област Магадан, Сибир.
Магијата на есента се рефлектира во 10 километри долгото и 50 метри длабоко езеро, кое се наоѓа на 800 метри надморска височина.
Езерото е именувано во 1932 година, од страна на рускиот геолог П. Скорнијаков, според познатиот американски писател, новинар и социјален активист Џек Лондон.
Опкружено со планини, езерото и неговите брегови се дом за многубројни растителни и животински видови.