Elvir Hocic
10 Јули 2017•Ажурирај: 11 Јули 2017
МОСКВА (АА) - По десет месеци сурова зима, почнаа да се топат ледените окови на сибирското езеро Џек Лондон, а неговите брегови стануваат сѐ позелени, јавува Anadolu Agency (AA).
Сместено помеѓу планините Аначанг, езерото Џек Лондон во Сибир претставува светска атракција поради десетмесечната зима и кратките лета, а поради наглото заладување и затоплување, пролетта и есента траат само неколку дена.
Со доаѓањето на летото, 10 километри долгото и 50 метри длабоко сибирско езеро се ослободува од ледената покривка, а со будењето на флората, брегот станува зелен.
Езерото се наоѓа на надморска височина од околу 800 метри и неговите брегови се дом за издржливи растителни и животински видови.
Рускиот геолог П. Скорнјаков во 1932 година го именувал езерото според познатиот американски писател, новинар и социјален активист, Џек Лондон.