Aida Cako
05 Декември 2025•Ажурирај: 07 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Во Мисрата, Либија, е отворен хотел за мачки со пет ѕвезди, кој нуди луксузни услуги и голема удобност за милениците на оние сопственици што патуваат или немаат соодветно место каде да ги остават своите миленици во посебни прилики, јавува Анадолу.
Хотелот, кој има капацитет за 40 мачки, располага со посебна просторија за секоја мачка, создавајќи безбедна и пријатна средина за престој.
Покрај сместување, центарот нуди здравствени прегледи, бањање, средување на шепите и следење на вакцинацијата.
Објектот станува сè попопуларен меѓу жителите на Мисрата, особено поради тоа што обезбедува професионална грижа и персонализиран пристап за секоја мачка.