Bekim Laci
24 Октомври 2015•Ажурирај: 04 Ноември 2015
САРАЕВО (АА) – Чедомир Јовановиќ, претседател на Либерално демкратската партија во Србија, на социјалните мрежи објави фотографија со познатиот босански пејач Дино Мерлин , под која праќа порака на толеранција, дијалог и соживот, пренесува Anadolu Agency (AA)
Јовановиќ на Фејсбук објавил фотографија со Дино Мерлин под која напиша дека во Србија Босанците како и припадниците на други народи не треба да се чувствуваат како странци.
“Срби, Босанци, црнци и Албанци, никогаш во мојот град не биле странци. Нека трае вечно магијата Мерлин“, напшиша Јовановиќ.
Инаку, Јовановиќ и е познат на јавноста во регионот по либералните ставови, со кои на секој чекор повикува на јакнење на меѓунационалниот и меѓуверскиот соживот.
Мерлим на 24 и 25 октомври во Белград ќе настапи во Комбанк Арена, најголемата сала во Србија.
Тоа ќе биде негов прв настап после ноември 2011 година, кога за три последователни вечери во истата Арена собра 60.000 свои фанови од цела Србија.