свет, живот

Јапонија регистрира 19.000 исчезнати лица и 500 смртни случаи поради деменција

Ова е најголема бројка откако полицијата почна со евидентирање на вакви случаи во 2012 година

Riyaz Khaliq Khaliq  | 04.07.2024 - Обновена : 07.07.2024
Јапонија регистрира 19.000 исчезнати лица и 500 смртни случаи поради деменција

ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонија регистрира најголем број исчезнати луѓе и околу 500 смртни случаи поради деменција минатата година, покажаа полициските податоци објавени денес, јавува Анадолу.

Националната полициска агенција на земјата објави дека 19.039 лица исчезнале, што е за 330 повеќе од 2022 година.

Тоа е најголема бројка откако полицијата почна со евидентирање на вакви случаи во 2012 година, објави јавниот сервис НХК.

Од сите исчезнати лица, полицијата пронашла живи 18.175 луѓе, а 502 биле потврдени за мртви.

На крајот на минатата година околу 250 сè уште се водат како исчезнати.

Централната префектура Хјого има најголем број вакви случаи, 2.094, префектурата Осака забележала 2.016, а Саитама 1.912 вакви случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.