????? ??????????
28 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
ГЕВГЕЛИЈА (АА) – 18 полициски службеници беа повредени при денешниот судир со мигрантите на јужно-македонската граница, соопшти МВР за Anadolu Agency (AA).
Според информациите, денес околу 13.30 часот, на граничната линија кај кота 59 беше нарушен јавниот ред и мир од страна на мигрантите кои се наоѓале на грчката страна.
“Мигрантите почнале да фрлаат со камења кон полициските службеници со цел пробивање на полицискиот кордон и влез на македонската страна. Повредени се 18 полициски службеници од кои двајца со потешки телесни повреди во пределот на главата, а еден од нив е со потрес на мозокот”, велат од МВР во изјава за АА.
Повредените полициски службеници се хоспитализирани во медицинскиот центар во Гевгелија.
Во денешниот судир со мигрантите беа демолирани неколку полициски и армиски возила, како и полициски штитови.
Според последните информации на МВР, состојбата во моментот е нормализирана.