Gamze Türkoğlu Oğuz
10 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Познатата американска пеачка и актерка Џенифер Лопез (49) се сврши со американскиот бејзбол-играч Алекс Родригез (43), пренесува Anadolu Agency (AA).
И Лопез и Родригез на профилите на Инстаграм споделија идентична фотографија на која може да се види прстенот на раката на Лопез. Родригез фотографијата ја сподели со кратка порака „Рече ’да‘“, додека Лопез истата фотографија ја сподели со срце.
Лопез и Родригез се заедно од 2017 година, а нивната објава на Инстаграм привлече големо внимание на американските и светските медиуми.
Во случај да стапат во брачна заедница, Џенифер Лопез ќе го направи тоа по четврти пат, додека ова на Родригез ќе му биде втор брак. И двајцата од претходните бракови имаат по две деца.