Zehra Ulucak
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
АНКАРА (АА) - Во американската сојузна држава Аризона, жена при обид да направи селфи во зоолошка градина, откако ја преминала поставената ограда, била нападната од јагуар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според „Би-би-си“, во зоолошката градина за време на викендот жената сакајќи да се фотографира, ја преминала оградата и се приближила до кафезот.
Според властите, од јагуарските канџи младата жена се здобила со длабоки рани на раката. Таа веднаш била префрлена во болница, а нејзиниот живот не е во опасност.
Мики Олсон, директорот на Зоолошката градина за диви животни, изјави дека истиот јагуар претходно нападнал друго лице, кое исто така ја преминало оградата, но повредата не била толку сериозна.
Укажувајќи дека инцидентот бил предизвикан од „човечка грешка“, Олсон изјави дека јагуарот нема да биде успиен.
Очевидецот на настанот, Адам Вилкерсон, истакна дека јагуарот ги извадил шепите надвор од кафезот и ги забодел во раката на жената.
Тој, исто така, нагласи дека неговата мајка за да го пренасочи вниманието на јагуарот на друго место го фрлила шишето со вода, и на тој начин ја спасила жената од канџите на животното.