Emre Aytekin
13 Февруари 2020•Ажурирај: 17 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Американскиот милијардер Џеф Безос, основач и директор на компанијата „Амазон“, купи огромна вила за 165 милиони долари во Беверли Хилс, Лос Анџелес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува магазинот „Форбс“, се работи за вила што во 1937 година е изградена за Џек Ворнер, еден од основачите на филмското студио „Ворнер брос“.
Ова е најголемата парична сума платена за имот во Лос Анџелес.
Вилата се наоѓа на површина од 36.000 квадратни метри, а содржи два одвоени пансиона, тениски терен, базен, терен за голф и голем број други содржини.