Hakan Çopur
19 Октомври 2016•Ажурирај: 20 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (АА) – Одборот за образование на Лос Анџелес донесе одлука во која се вели да не се обноват договорите со трите училишта „Магнолија“ коишто се изнајмени, а за кои е познато дека се поврзани со терористичката организација ФЕТО. Училиштата имаат право на жалба, и доколку до 1 јули 2017 година не ги исполнат потребните финансиски услови, ќе бидат во потполност затворени, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката во врска со обновувањето на договорите на трите училишта „Магнолија“ во Лос Анџелес, Калифорнија, кои се поврзани со ФЕТО, била донесена од страна на Одборот за образование на Лос Анџелес со 6 гласа за и 1 воздржан.
На состанокот на членовите на одборот присуствувале и директорите на училиштата и учениците. Пред гласањето било истакнато дека училиштата не ги извршиле своите обврски во врска со финансиските сметки на училиштето.
Членовите на одборот изјавиле дека побараните финансиски сметки од училиштата не биле испратени до соодветните институции или биле испратени многу доцна, и истакнале дека таквата состојба се повторила неколкупати.
При гласањето на 7-те члена на одборот, 6-мина гласале да не се обноват договорите со училиштата „Магнолија“, додека еден член од одборот бил воздржан.
Во однос на одлуката училишта имаат право да поднесат жалба до повисоките образовни институции во државата Калифорнија.
Трите училишта имаат рок до 1 јули 2017 година да ги исполнат условите за добивање одлука за обновување на договорите. Доколку во овој период училиштата не ги исполнат потребните критериуми и да ги предадат потребните финансиски сметки, ќе бидат целосно затворени.
Минатата недела Одборот за образование на Лос Анџелес упати електронски писма до образовните одбори на училиштата на ФЕТО, 1. Научната академија Реседа Магнолија, 2. Научната академија Ван Нујс Магнолија и 3. Научната академија Карсон Магнолија, во кои се известени за отфрлање на барањата за обновување на договорите што претходно испратени од страна на училиштата.
Официјален претставник од регионално раководство на училиштата за медиумите изјави: „Финансиските неправилности во училиштата ‘Магнолија’ и големиот број професори и персонал од Турција кои во САД престојуваат со работна виза H-1B се причината поради која дојде до оваа ситуација“.
- Директорот на училиштето е поврзан со Ѓулен -
Кон крајот на август, Умит Јапанел, претседателот на Одборот на директори на училиштата „Магнолија“, во интервју за весникот „Лос Анџелес тајмс“ изјави: „Верувам во учењето на Ѓулен и во него ја наоѓам сопствената инспирација“.
Училиштата „Магнолија“, кои во Калифорнија ги има 10, сѐ уште се сметаат за едни од најважните училишта на ФЕТО во САД.