Muhammed Emin Canik,Nuri Aydın
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.300 лица во Бразил, 836 во Мексико и 582 во Индија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие починале 1.300 лица заразени со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во земјата на 74.133. Во Бразил досега се детектирани 1.926.824 лица позитивни на Ковид-19, од кои 41.857 во последните 24 часа.
Државата Сао Паоло со популација од околу 46 милиони жители, која во исто време е центар на трговијата во Бразил, претставува најпогоден регион во земјата со 386.607 заразени со коронавирусот и 18.324 смртни случаи.
Бразил во исто време е втора земја во светот најпогодена од пандемијата на коронавирусот зад САД. Досега во оваа земја оздравеле 1.209.208 заразени.
Бразил со население од над 211 милиони жители се именува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој е познат по својот скептичен однос кон пандемијата, е позитивен на коронавирусот.
Бразил, според бројката на смртни случаи, ја остави зад себе Велика Британија и се наоѓа на второто место во светот по САД, според бројката на заразени и смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Институтот за географија и статистика на Бразил претходно објави дека во мај се регистрирани 4,2 милиони лица кои го загубиле чувството за вкус, мирис, имале кашлица и висока температура, симптоми слични на коронавирусот.
- Во Мексико починаа 36.327 лица од последици предизвикани од коронавирусот
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 836 лица како последица на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 36.327.
Во истиот период се детектирани 4.685 нови случаи на заразеност, со што вкупната бројка се зголеми на 304.435.
Досега во Мексико оздравеа 193.976 лица заразени со коронавирусот.
- Бројката на смртни случаи во Индија се зголеми на 24.309
Според информациите што ги објави индиското Министерство за здравство, во последните 24 часа во земјата починале 582 лица од последици предизвикани од Ковид-19, вкупно 24.309 досега.
Во последните 24 часа се детектирани 29.429 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени на 936.181.
Досега во Индија оздравеа 592.031 заразен со Ковид-19.
Според информациите објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со коронавирусот во земјите од светот, Индија е трета земја на светско ниво според бројот на детектирани лица заразени со Ковид-19.