Emel Öz Gözellik
08 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
ПАТНА (АА) - Најмалку 14 лица загинаа, а 50 се повредени во две железнички несреќа во источниот и северниот дел на Индија, јавува Anadolu Agency (АА).
Полициските власти во оваа земја објавија дека во железничка несреќа во провинцијата Џарканд, кога воз удрил во друго возило, загинале 13 лица, меѓу кои пет деца.
Според очевидци, тркалото на возилото се заглавило во точката каде што се вкрстуваат железничката пруга и патот, и во тој момент возот удрил во возило.
Во втората несреќа, 60 километри јужно од главниот град Њу Делхи, се судрија два воза каде едно лице загина, а повредени се најмалку 50 луѓе. Полицијата започна истрага за двата инциденти.
Инаку, на државните железници во Индија дневно превезува 23 милиони луѓе, а само во последните пет години во железничките несреќи загинаа околу 1.220 луѓе. Претседателот на Владата на оваа земја Нарендра Моди рече дека владата планира да ја модернизира железницата.