Ekipa
02 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелското Министерство за здравство пријави два нови случаи на лица заразени со коронавирус, при што вкупниот број се искачи на 10, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се вели дека две лица, откако се вратиле од патување во Италија, биле дијагностицирани со вирусот.
Израелските власти во четвртокот забранија влез за странските државјани кои доаѓаат од Италија, каде што 34 лица починаа како последица на вирусот.
Бројката на починати лица од коронавирус во светот достигна околу 2.900, со повеќе од 88.000 заразени.
Светската здравствена организација (СЗО) го зголеми глобалниот степен на ризик од коронавирусот (Ковид-19) од „висок“ на „многу висок“.