Ekip
02 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Членот на Советот за ескпедитивност на Иран почина денеска, откако се зарази со коронавирус (Ковид-19), објави државната новинска агенција ИРНА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Мохамад Мирмохамади (76) почина од последиците на Ковид-19 во болница во главниот град Техеран“, наведе ИРНА.
Мирмохамади е поранешен член на Парламентот на покраината Ком. Тој во 2018 година е именуван за член на Советот за експедитивност, телото кое го советува врховниот водач Али Каменеи.
Иран во неделата објави дека се забележани 54 смртни случаи од зараза со коронавирус, додека регистрирани се вкупно 978 заразени лица.
Со коронавирусот, кој првпат се појави во Кина, заразени се повеќе од 89.000 лица во светот, а починаа над 3.000. Коронавирусот, кој официјално е наречен Ковид-19, кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а случаи со зараза се потврдени во повеќе од 50 земји низ светот.
Најмногу заболени надвор од Кина се регистрирани во Северна Кореја, и тоа 4.212 лица, а следува Италија каде што се регистрирани 1.694 заразени и 34 смртни случаи.