Emre Aytekin
17 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 800 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 1.802.271 лице во светот успеале во борбата против Ковид-19.
Земјите во кои се регистрани најголем број на излекувани лица од овој вирус се следни: „САД (336.964), Шпанија (192.253), Германија (152.600), Италија (122.810), Турција (108.137), Иран (93.147), Бразил (84.970), Кина (78.219), Русија (63.136) и Франција (61.066)“.
Бројот на откриени случаи во светот изнесува 4 милиони 696 илјади и 927, додека 311.400 лица во светот починаа како последица на овој вирус.