Emre Aytekin
17 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 4.7 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на интернет страницата „Worldometer“, вкупниот број на заразени со Ковид-19 низ целиот свет ја достигна бројката од 4.703.844.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде вкупно 1.502.011 лица се заразени со Ковид-19.
По САД следуваат Шпанија со 276.505 случаи, Русија со 272.043 случаи, Велика Британија со 236.711 случаи, Италија со 240.161 случај, Бразил со 227.919 случаи, Франција со 179.506 случаи, и Германија со 175.921 случај.
Според последните податоци, бројот на откриени случаи со Ковид-19 во Турција изнесува 146.076.
Според „Worldometer“, земјите каде бројката на откриени случаи со Ковид-19 надмина 50.000 се следни:
„Иран (118.392), Индија (90.648), Перу (88.541), Кина (82.941), Канада (75.770), Белгија (54.989) и Саудиска Арабија (52.016)“.
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 311.810 лица. Во светот од Ковид-19 се излекувани 1.802.385 лица, додека 2.589.649 лица се во процес на лекување.