Burcu Çalık Göçümlü
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, изјави дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се вкупно 1.179 оздравени лица од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Турција, вкупниот број на заразени лица од Ковид-19 се искачи на 218.717, при што во последните 24 часа се потврдени нови 918 случаи.
Вкупниот број на починати како последица на Ковид-19 изнесува 5.475, од кои 17 се починати во последните 24 часа.
Во текот на изминатото деноноќие спроведени се вкупно 40.943 тестирања на Ковид-19, при што вкупниот број на досега реализиани тестирања изнесува 4.232.067.
На интензивна нега се наоѓаат 1.231 лице, 394 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно излекувани се 201.013 лицa.
Турскиот министер за здравство на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со последните податоци за Ковид-19 во земјата напиша: „Бројот на евидентирани нови случаи на Ковид-19 во однос на вчера е намален за 90. Во последните три дена најмногу новозаразени се детектирани во Истанбул, Анкара, Газиантеп, Коња и Дијарбакир. Од друга страна, најмалку дневни случаи со Ковид-19 регистрирани се во Артвин, Тунџели, Бајбурт, Киркларели и Бартин.“