Fırat Taşdemir
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносните сили неутрализираа тројца терористи на ПКК во антитерористички воздушни операции реализирани во северен Ирак, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тројца терористи на ПКК забележани во регионот Зап во северен Ирак се неутрализирани во воздушни операции. Операциите продолжуваат без прекин“, соопшти Министерството преку социјалната мрежа Твитер.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во рамките на Турција, но и на северот на соседните Ирак и Сирија.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.