Yusuf Hatip
03 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
БРИСЕЛ (АА) - Во Белгија, во последните 24 часа бројот на потврдени случаи со новиот вид коронавирус, Ковид-19, се зголеми за 389, со што вкупната бројка на заразени во земјата се искачи на 49.906, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Белгискиот кризен центар се наведува дека во последното деноноќие хоспитализирани се 77 лица, додека 98 лица се излекувани и отпуштени од болница.
Се истакува дека бројот на пациенти на одделите за интензивна нега се намалил за 15 пациенти и изнесува 674.
Во последните 24 часа бројот на случаи со новиот вид коронавирус, Ковид-19, се зголеми за 389, со што вкупната бројка е зголемена на 49.906, а починале 79 лица.
Со тоа, бројот на оние што ја изгубија битката со вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 7.844. Од овие лице, 46 отсто починале во болниците, а 53 отсто во своите домови.