Enes Canlı
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Либиската Армија во регионот Ал Карјат, на околу 400 километри јужно од главниот град, во воздушен напад уништи автобус што ја превезувал милицијата „Џанџавид“ поврзана со Хафтар, водачот на илегалните сили на истокот од Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на прес-центарот на операцијата „Вулкан на гневот“, што ја води Владата за национално единство, се наведува дека либиската Армија со воздушна операција уништила автобус што превезувал платеници на милицијата „Џанџавид“ од Судан, кои доаѓале во земјата за да се борат во редовите на Хафтар.
Милициската група „Џанџавид“ е обвинета за геноцид во Граѓанската војна во Дарфур.