Yusuf Hatip
19 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
БРИСЕЛ (АА) - Во Белгија, бројот на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, се зголеми за 232 во последните 24 часа и достигна 55.791, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Кризниот штаб на Белгија се наведува дека во последните 24 часа во земјата хоспитализирани се 50 лица, а од болница отпуштени се 30 оздравени лица.
Исто така се истакнува дека бројот на пациенти на интензивна нега е зголемен за 3, така што вкупниот број изнесува 345.
Според Кризниот штаб, во текот на последните 24 часа во земјата регистрирани се 232 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи се зголеми на 55.791.
Во последното деноноќие починаа 29 лица. Со ова, бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 9.108.
Од нив 48 проценти починале во болници, а 51 процент во старечките домови.
Во интервјуто за весникот „Le Soir“, белгискиот министер за надворешни работи, Филип Гофин, соопшти дека Белгија планира постепено да ги отвори своите граници за граѓаните на ЕУ, во согласност со препораките на Комисијата на ЕУ.
Од друга страна, најавено е дека третата фаза од нормализацијата во земјата ќе започне најрано на 8 јуни.