Mustafa Melih Ahıshalı
19 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Иран, се искачи на 7.119, додека бројот на дијагностицирани случаи се зголеми на 124.603 пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Иранската државна телевизија, портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, соопшти дека во последните 24 часа во земјата од Ковид-19 починале уште 62 лица.
Џиханпур нагласи дека со ова, бројот на починати во земјата се зголемил на 7.119, додека бројот на заразени достигнал 124.603, со пораст од 2.111 во последните 24 часа.
Според него, досега излекувани се 97.173 лица кои се отпуштени од болница.
Во Иран, Ковид-19 за првпат е регистриран на 19 февруари во градот Ком.