Ahmet Dursun
17 Јули 2021•Ажурирај: 18 Јули 2021
Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 86.966, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Иран се вели дека во последните 24 часа од последици предизвикани од вирусот починале уште 175 лица.
Според соопштението, со тоа, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 86.966.
Се истакнува дека во земјата се дијагностицирани уште 15.139 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата е зголемена на 3.501.079.
Според соопштеното, во Иран досега се направени 24.968.443 тестирања за Ковид-19.