Seyit Aydoğan
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
ТОРОНТО (АА) - Бројот на позитивни случаи на новиот тип коронавирус во Канада се зголеми на 50.000, а починаа над 3.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Од Федералното Министерство за здравство е наведено дека во последните 48 часа, бројот на смртни случаи се зголемил од 2.781 на 3.054.
Соопштено е дека бројот на заразени е зголемен од 48.229 на 51.231. Од коронавирусот се излекуваа вкупно 20.096 заразени.
Канадскиот премиер, Џастин Трудо, истакна дека во некои области, доколку здравствената состојба биде задоволителна, ќе бидат преземени чекори за постепено нормализирање на животот.