Zehra Ulucak
10 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Во Кина се откриени 14 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, а во Јужна Кореја 34, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Кинеската национална здравствена комисија се наведува дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 14 нови случаи со вирусот, додека смртни случаи не се евидентирани.
Се наведува дека лекувањето на 148 лица, од кои 13 се во тешка состојба, продолжува.
Вкупниот број случаи со Ковид-19 во Кина се зголеми на 82.901, во земјата до денес од вирусот починаа вкупно 4.633 лица, а се излекуваа 78.120 лица.
- Во Јужна Кореја во последните 24 часа евидентирани 34 нови случаи со Ковид-19 -
Според информациите на агенцијата „Јонхап“, во последните 24 часа во Јужна Кореја евидентирани се 34 нови случаи на Ковид-19, а повеќето од нив се поврзани со 29-годишното лице кое одело по барови и кафулиња во областа Итавон на главниот град Сеул, пред да добие позитивен тест.
Во Јужна Кореја, бројот на случаи на Ковид-19 достигна 10.874, а од вирусот починаа 256 лица.
Официјални лица изјавија дека бројот на случаи поврзани со лицето кое минатата недела посетило 5 ноќни клубови и еден бар се искачил на 54.
Бидејќи се зголеми бројот на случаи поврзани со оваа личност, вчера беше донесена одлука да се затворат местата за забава во Сеул.
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, во изјавата за медиумите, истакнувајќи дека нема место за паника по зголемувањето на случаите, рече: „Нема простор за страв. Нашиот систем за превенција и карантин може целосно да го контролира и да управува со ширењето на вирусот.“
Претходниот ден во оваа земја, за првпат по 5 дена, бројот на случаи на Ковид-19 во текот на 24 часа ја надмина бројката од 10.