Mutlu Demirtaştan
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
БЕРЛИН (АА) - Двајца фудбалери на Динамо Дрезден, кој настапува во 2-та Бундеслига, се позитивни на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (AA).
Германскиот клуб соопшти дека по третпат е направено тестирање на играчите, стручниот персонал и вработените во клубот, кое покажало дека двајца фудбалери се позитивни.
Фудбалерите немале симптоми, а по овој случај целиот тим ќе мора да остане во домашен карантин 14 дена.
Натпреварот што требаше да се игра на 17 мај против Хановер 96 е одложен поради карантинот.
Германската фудбалска лига (ДФЛ) на 7 мај одлучи дека 1. и 2. Бундеслига, кои беа суспендирани во средината на март поради коронавирусот, ќе продолжат на 16 мај, но пред празни трибини.