Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
14 Јули 2021•Ажурирај: 15 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Според официјалните податоци од денеска, Турција има администрирано над 60 милиони дози вакцини против Ковид-19 откако започна масовната кампања за вакцинирање во јануари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Земјата ја продолжува својата интензивна кампања за вакцинација за да се спречи ширењето на коронавирусот, при што сите жители на возраст над 18 години можат да изберат да добијат „Синовак“ или вакцина произведена од германската фирма „БајоНТех“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“.
Според податоците на турското Министерство за здравство, повеќе од 38,36 милиони луѓе ги добиле своите први дози, додека над 18,42 милиони ги добиле и своите втори дози.
Вкупниот број на дадена прва, втора и трета доза од вакцината беше нешто повеќе од 10,94 милиони во Истанбул, 4,93 милиони во главниот град Анкара и 4,04 милиони во егејската област Измир.
Во услови на пад на бројот на случаи на заразување на национално ниво и забрзано движење за вакцинација, Турција влезе во нова фаза на нормализација, укинувајќи ги речиси сите ограничувања поврзани со вирусот.
Сепак, обидувајќи се да го ограничи ширењето на варијантата Делта на вирусот, земјата ги прекина летовите од Индија, каде што најпрво беше откриен вирусот, заедно со Бангладеш, Бразил, Јужна Африка, Непал и Шри Ланка.
Во меѓувреме, луѓето кои пристигнуваат од Велика Британија, Иран, Египет и Сингапур, треба да имаат негативни резултати од тестот против Ковид-19 добиени во рок од 72 часа пред нивниот лет.