Mustafa Deveci
18 Февруари 2020•Ажурирај: 18 Февруари 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Поради новиот тип коронавирус (Ковид-19), Израел донесе одлука за забрана за влез во земјата за странците што ја посетиле Источна Азија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за внатрешни работи на Израел, Арје Дери, истакна дека поради Ковид-19, во земјата нема да бидат примени странците кои во последните недели ги посетиле Тајланд, Сингапур, Хонгконг и Макао.
Дери нагласи дека оваа одлука е донесена по препорака на израелското Министерство за здравство.
Според локалните медиуми, оваа одлука ќе стапи на сила наредната недела.
Инаку, израелското Министерство за здравство претходно донесе забрана за влез во земјата на странците што ја посетиле Кина.