Ömür Melih Üzelce
10 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
АНКАРА (АА) - Во Турција во последните 24 часа починаа уште 98 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 1.006 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на прес-конференција одржана под состанокот на Научниот совет на Турција, нагласи дека откриени се 4.747 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на случаи во земјата се искачи на 47.029.
Коџа информира дека досега 2.423 лица се излекувани од Ковид-19, кои потоа се отпуштени од болница.
Според него, во поселедните 24 часа биле извршени 30.864 тестирања за Ковид-19, додека вкупната бројка на извршени тестирања во Турција изнесува 307.210.
Во Турција моментално 1.667 се наоѓаат во интензивна нега, рече Коџа, додавајќи дека стапката на смртност во Турција изнесува 2.15 проценти.