Bojana Stojanovic
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
БЕЛГРАД (AA) - Во Србија уште 81 лице е заразено со коронавирусот (Ковид-19), со што бројот на регистрираните порасна на вкупно 384 потврдени случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од последниот извештај вчера, па до 15 часот денес, тестирани се примероци на 245 лица од кои 81 се позитивни и 164 негативни на новиот коронавирус.
Во Националната референтна лабораторија на Институтот „Торлак“ тестирани се вкупно 1161 лице што ги исполнувале критериумите на дефиниција на случај.