Ömer Olcay
13 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, соопшти дека кај уште едно лице е откриен новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коџа го потврди ова преку соопштение објавено на својот твитер-профил.
„Тестот што заврши синоќа, го потврди тажното предвидување. Имаме уште еден заболен“, напиша Коџа, информирајќи дека вториот пациент е лице блиско на првиот пациент и дека било меѓу лицата под надзор.
Коџа нагласи дека ги презеле потребните мерки за спречување на можното ширење на вирусот, и дека заедно ќе го надминат овој проблем.