Abdullah Aşıran
27 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
РОТЕРДАМ (АА) – Во Холандија, во изминатите 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 43 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 4.518, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државниот институт за здравство и животна средина, поврзан со Министерството за здравство, ги ажурираше информациите за Ковид-19 во земјата.
Според најновите податоци, бројот на лица што се лекуваат во болниците во земјата е зголемен за 65 во последните 24 часа, со што вкупната бројка на пациенти се зголеми на 10.521.
Во оваа земја евидентирани се нови 400 случаи со Ковид-19 во последните 24 часа, и со тоа вкупната бројка на дијагностицирани стигна до 38.245.
Бројот на луѓе што починаа поради коронавирусот се зголеми за 43, со што вкупната бројка се искачи на 4.518.