Yasin Yağcı
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
АМСТЕРДАМ (АА) - Холандските производители на млеко денеска се собраа во центарот на Амстердам за да протестираат против намалувањето на цената, укинување на квотите и субвенции за млекото, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите се одржуваат на плоштадот пред поморскиот музеј во Амстердам, каде што е во тек неформалниот состанок на министрите за земјоделство на земјите од ЕУ.
Демонстрантите бараат од министрите да ја решат кризата во која се најдоа млекарите поради падот на цените на млекото.
Вниманието на министрите на ЕУ се обидоа да го привлечат со пораки на транспаренти но и со труби, туку неколку десетина трактори кои се донесени на плоштадот.
Најавен е продолжеток на протестите во Холандија, а претходно слични протести беа организирани и во Белгија и други земји-членки на Европската унија.