Cüneyt Karadağ
29 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
БЕРЛИН
Во Германија, во последните 24 часа откриени се рекордни 16.774 нови случаи на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Институтот „Роберт Кох“ (RKI), кој спроведува студии од областа на заразни болести во Германија и ја информира Владата, бројот на откриени лица со Ковид-19 во земјата се зголеми за 16.774 во последните 24 часа, достигнувајќи го бројот 481.013.
Бројката објавена денеска е најголема дневна бројка на случаи со Ковид-19 забележани во Германија од почетокот на епидемијата.
Со смртта на 89 лица во последните 24 часа, вкупната загуба на животи се искачи на 10.272.
Бројот на луѓе кои оздравеа од Ковид-19 во земјата достигна 339.200.
Лекарите задолжени за одделите за интензивна нега се загрижени
Штефан Клуге, раководител на Одделот за интензивна нега во Универзитетскиот медицински центар „Хамбург-Епендорф“, истакна дека се загрижени поради зголемувањето на бројот на случаите.
Клуге наведе дека околу 5 проценти од заразените се лекуваат во болницата и 2 проценти на Одделот за интензивна нега.
Наведувајќи дека постои ризик од смрт кај 50 проценти на луѓе кои се постари од 70 години, Клуге рече дека просечната возраст на оние кои починале во Германија е 79 години.