Ahmet Dursun
07 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран, во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 68 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 6.486, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, за државната телевизија изјави дека во истиот период се забележани 1.485 нови случаи на заразување.
Тој изјави дека вкупниот број на заразени во таа земја достигнал 103.135.
Џиханпур истакна дека 2.738 заразени лица се наоѓаат во критична состојба, а дека од Ковид-19 се излекувани 82.744 лица.
Во Иран од почетокот на пандемијата се тестирани 544.702 примероци.