Mustafa Melih Ahıshalı
02 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Иранската покраина Резеви Хорасан, сместена во источниот дел на земјата, ја потресе земјотрес од 5,8 степени во подрачјето на градот Сенган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за сеизмологија при Универзитетот „Техеран“ информираше дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 5,8 степени го погодил подрачјето на градот Сенган, во покраината Резеви Хорасан.
Во соопштението се вели дека земјотресот се случил на длабочина од 8 километри.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви или материјална штета.