Mustafa Melih Ahıshalı
25 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Иран се искачи на 7.451, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Иранската државна телевизија, портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале уште 34 лица поради Ковид-19.
Џиханпур нагласи дека со ова, бројот на починати во земјата се зголеми на 7.451.
Според него, откриени се уште 2.023 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на детектирани случаи во земјата се искачи на 137.724.
Тој информира дека 2.585 од вкупно заразените лица се наоѓаат во тешка состојба, додека 107.713 лица се излекувани и отпуштени од болница.