Ahmet Dursun
21 Март 2020•Ажурирај: 22 Март 2020
АНКАРА (АА) - Во Иран починаа уште 123 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати се искачи на 1.556 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на иранската државна телевиија, Кијануш Џиханпур од Министерството за здравство на оваа земја информира дека во последните 24 часа починале уште 123 лица од Ковид-19.
Џиханпур нагласи дека вкупниот број починати од оваа зараза се зголеми на 1.556 лица, додека бројот на откриени случаи, на 20.610.
Тој рече дека 7.635 лица биле излекувани и отпуштени од болница.