Mustafa Melih Ahıshalı
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Во Иран бројот на починати од коронавирусот се зголеми за 127, па моментално вкупната бројка изнесува 1.812, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на иранската државна телевизија, Кијануш Џиханпур, одговорен за односи со јавноста на Министерството за здравство на Иран, соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 127 лица.
„На тој начин, вкупната бројка на починати се искачи на 1.812“, рече Џиханпур, додавајќи дека бројот на случаи со коронавирусот се зголемил за 1.411 и вкупно изнесува 23.049.
Тој посочи дека просечната старост на оние што се инфицирани со вирусот е 59 години, а просечната старост на починатите лица 64 години.
Џиханпур, исто така, истакна дека од дијагностицираните, 8.376 лица се излекувани и се пуштени дома.
Во Иран, Ковид-19 најпрво беше забележан во градот Ком на 19 февруари, а потоа се рашири во сите покраини.