Barış Seçkin
20 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 49 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 34.610, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 21.212 активни случаи на коронавирус.
Во последните 24 часа откриени се уште 262 случаj со Ковид-19, додека вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 238.275.
Излекувани се уште 546 лица од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 182.453 лицa.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 49 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 34.610 лица.
Според соопштеното, 152 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 4.943.825 тестирања за Ковид-19.