Hasan Esen
05 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 357 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 40.261, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврди Министерството за здравство на оваа земја.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа се откриени уште 1.650 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 283.311.
Во последните 24 часа во земјата се направени 207.231 тестирањe за Ковид-19, со што бројот на вкупно извршени тестирања во земјата се зголеми на 5.214.277.