БОГОТА (АА) - Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од новиот тип коронавирус во Бразил животот го загубија 1.127 лица, 220 во Мексико, 24 во Аргентина, 97 во Колумбија, 162 во Перу, 100 во Чиле и 21 во Еквадор.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.127 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 278.229. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 43.812, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 11.483.370.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а се наоѓа на 2. место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 10.630.808 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 220 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 2.415 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 194.710 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.166.290, а досега оздравеа 1.705.743 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на 3. место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 24 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 53.670. Во истиот период детектирани се 3.697 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.195.722.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.986.903 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 97 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 61.143.
Во последните 24 часа детектирани се 4.062 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.303.144. Во оваа земја досега оздравеа 2.202.580 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 162 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.433 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.412.406, од кои починаа 49.003 лица, а оздравеа над 1.322.685 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 100 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 21.674.
Во истиот период регистрирани се нови 5.734 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 891.110, а оздравеа вкупно 835.669 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор -
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 21 смртeн случаj, вкупно 16.236 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.555 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 302.221. Досега во Еквадор оздравеа 263.164 лица што биле позитивни на коронавирусот.
news_share_descriptionsubscription_contact


