Barış Gündoğan,Enes Kaplan
05 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
КИТО (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во текот на посетата на Еквадор каде што се сретна со претседателот на Еквадор, Рафаел Коре, изјави дека Русија и сирискиот режим вршат константно бомбардирање на невини цивили во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Додека Русија и режимските сили во Сирија вршат зачестени бомбардирања врз луѓето, зарем тие имаат друго решение освен да избегаат? Каде ќе одат сите тие луѓе? Зарем не би требало да престанат тие напади со цел мировните преговори да вродат со плод? Светот кој не ги сопре овие напади бара од нас во Турција да го сопреме бранот бегалци. Тоа е надвор од секоја логика и зар е воопшто можен таков пристап кој не постои во ниту една стратегија?”, рече Ердоган по состанокот.
Потсети дека оваа недела се прекинати мировните преговори во Женева на кои се очекуваше решение за сириската криза.
„Моментално мировните преговори во Женева се прекинати. Сега го поставувам прашањето: Има ли некој кој гаи надеж за преговорите во Женева? Секако, опозицијата нема благонаклонето да гледа на пристапот кој е таму заземен. Опозицијата нема да наседнува на играта која таму се игра и на замката која е поставена”, рече турскиот претседател.
Истакна дека бројот на бегалци од Сирија кои се наоѓаат во Турција преминал 2,7 милиони.
„Сè уште пристигнуваат во Турција. Моментално од Алепо во Турција пристигнуваат околу 10.000 лица. Русија константно врши бомбардирање, режимските сили исто така, а светот само молчи, Европската унија молчи, Обединетите нации молчат”, рече Ердоган.
Додаде дека со претседателот на Еквадор разговарале за јакнењето на трговските односи помеѓу двете земји во наредниот период.
Се сложија дека постои простор за подобра соработка на двете земји во многу области, од здрвството, образованието до инфраструктурните проекти.