Muhammed Emin Canik,Sinan Doğan
18 Декември 2020•Ажурирај: 19 Декември 2020
БУЕНОС АИРЕС
Над 1.000 смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во латиноамериканската држава Бразил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 1.092 лица, во Мексико 718, во Аргентина 169, во Колумбија 227, во Перу 43, во Чиле 48 и 41 во Гватемала.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.092 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 184.827. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 69.826, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 7.110.434.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 6.177.702 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 718 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 11.799 новозаразени.
Во Мексико со популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 116.487 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.289.298. Во оваа земја досега оздравеа 953.762 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 169 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 41.534. Во истиот период детектирани се 7.326 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.524.372.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.352.556 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 10. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 227 лица, со што вкупниот број смртни случаи се искачи на 39.787.
Во последните 24 часа детектирани се 12.196 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 1.468.795. Во оваа земја досега оздравеа 1.343.819 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 43 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.061 новозаразен.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 991.518, од кои починаа 36.901 лице, а оздравеа 925.893 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 48 лица од вирусот Ковид-19, а регистрирани се 2.001 новозаразен.
Во Чиле со популација од над 19 милиони жители, вкупната бројка на починати од Ковид-19 изнесува 16.007, вкупната бројка на заразени се искачи на 578.732, додека оздравеа 551.200 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Гватемала
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 41 смртен случај предизвикани од заразувањето со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 4.551. Во истиот период детектирани се 607 новозаразени, вкупно 131.435 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 119.748 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.