Ekipa
22 Февруари 2016•Ажурирај: 24 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Бразилскиte научниците ја откриле ДНК структурата на вирусот зика кој го пренесуваат комарците од видот "Aedes", јавува Anadolu Agency (AA).
Според Си-ен-ен, ова е важен чекор во изнаоѓање на вакцина и за борбата против овој опасен вирус.
Научниците од Универзитетот во Рио де Жанеиро ги анализираат примероците на вирусот пронајдени во мозокот на фетусот како и плодовата вода кај бремените жени.
Професорот Ренато Сантана изјави дека ова откритие ќе помогне да се сфати зошто вирусот ги напаѓа мозочните клетки на бебето, а не и на возрасните.
Од Министерството за здравство на Бразил веруваат дека поголемиот дел од жените кои родиле деца со микроцефалија се инфицирани со вирусот зика.