Furkan Abdula
02 Јануари 2022•Ажурирај: 03 Јануари 2022
Во Косово во изминатото деноноќие регистрирани се 29 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 161.560, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Вкупниот број смртни случаи во земјата останува иста, односно 2.991.
Во последните 24 часа се направени 3.344 тестирањa за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 1.386.106 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 158.060 лица. Во моментов во земјата има 509 активни случаи.