Emre Gürkan Abay
02 Јануари 2022•Ажурирај: 03 Јануари 2022
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на Кремљ, Ердоган и Путин разговарале за регионални и меѓународни теми.
Се истакнува дека двајцата лидери се осврнале на предлогот на Русија поднесен до САД и НАТО во врска со различните безбедносни гаранции.
Според соопштеното, Ердоган и Путин размениле мислења за различни регионални теми, вклучувајќи ги Сирија, Либија и Кавказот.
Во телефонскиот разговор, лидерите на двете земји ја повториле нивната посветеност за интензивирање на партнерството меѓу Русија и Турција врз основа на заемни интереси.