Betül Yürük
01 Мај 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
ЊУЈОРК
Американската Национална разузнавачка дирекција (DNI) соопшти дека заклучила оти новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) кој ја предизвикал пандемијата, не настанал како плод на човековата работа и дека немало поигрување со неговата генетика, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Разузнавачката заедница е согласна со научните тврдења дека човекот не го создал коронавирусот, ниту вршел негови генетски модификации", се наведува во соопштението на DNI.
Во соопштението се наведува и дека трае истрагата за наводите дека епидемијата ја предизвикало пренесувањео на вирусот од животни на човекот и тврдењата дека тоа можеби се случило и со несреќен случај во една кинеска лабораторија.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати рече дека пандемијата на Ковид-19 можеби води почеток од кинеска лабораторија во Вухан.
Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео ги повика кинеските власти да им дозволат на странските експерти да влезат во лабораторија во Вухан и да истражат дали коронавирусот на човекот е пренесен во тој комплекс. Тој рече дека лабораторијата на Институтот за вирологија во Вухан е оддалечена само неколку километри од илегалниот пазар каде се продава дивеч.
Кинеските власти тврдат дека тие наводи се неосновани.